Шкендија Арачиново го подигна шампионскиот пехар, Десниќ: На убедлив начин стигнавме до нашата цел, подготвени одиме во баражот!

ФОТО: ФК Шкендија Арачиново

Шкендија Арачиново имаше повеќе од доминантна сезона зад себе, на убедлив начин ја оствари првата цел освојувајќи го шампионскиот пехар во Трета лига – Север.

Шкендија на овие 25 одигирани натпревари запиша 23 победи, едно реми и еден пораз, со 108 постигнати погодоци многу повеќе од било кој друг тим со само пет примени погодоци што го прави овој тим неприкоснован во Трета лига – Север.

Првата цел е остварена како што вели искусниот Дарио Десниќ, сега подготвени одат во баражот за Втора лига.

„За нас беше многу успешна сезона која ние неколкуте засилувања кои дојдовме да ја оствариме целта, тоа сите знаеме која беше, ја остваривме на убедлив начин, можеби најубедлива во Трета лига која ја направивме со екипата на Шкендија. Една цел зацртана ја поминавме, сега ни следува можеби најважниот меч за годинава, тоа е баражот за влез во Втора лига, подготвени и мотивирани да го дочекаме и со Господ напред да славиме влез во Втора лига“, истакна искусниот Дарио Десниќ.

Шкендија Арачиново со убедливи 3:0 го доби Њу Старс на домашен терен во рамки на претпоследното 25. коло. Во однос на останатите натпервари Риниа и Башкими Љуботен ремизираа играјќи 2:2, Кадино и Беса Влазрими ремизираа играјќи 4:4, Еуромилк ГЛ со убедливи 5:1 ја доби Фортуна, а пак гостинска победа забележа Ржаничино од 1:3 над Пчиња.

БВК Коњаре на домашен терен со убедливи 4:1 го доби Аеродром, а пак Куманово со службени 3:0 го добива мечот со Академија Илиден, откако тимот не се појави на терен по чекање од 30 минути.

Александар Ванев, М-Нет