
Македонската фудбалска репрезентација одигра два пријателски натпревари на кои забележа реми со Молдавија и пораз од Црна Гора, а тоа влијаеше негативно на најновото рангирање.
Македонија на најновата ФИФА ранг-листа се спушти на 69. место, откако во изминатиот прериод напредуваше селекцијата на Обединетите Арапски Емирација за едно место и сега е пред Македонија.
На врвот нема промени и понатаму Аргентина е прва, пред Франција која е втора. Белгија сега е трета, а пак Англија се спупшти на четвртото место. На 5. место е Бразил, Португалија напредуваше до шестото место, седма е Холанидја, на осмото место е Шпанија, деветта е Италија, а на 10. место е Хрватска.
Црна Гора напредуваше на најновата ранг листа откако по триумфот над нашата репрезентација, црногорцните се едно место зад Македонија.
Александар Ванев, М-Нет