Македонија се подготвува за Белгија, Митровски: Ќе го дадеме најдоброто од нас!

ФОТО: Принскрин видео на ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија во петок ја очекува соочувањето со Белгија на домашен терен, во рамки на третото квалификациско коло за Светското првенство 2026.

Белгија важи за најголем фаворит во нашата група, но репрезентативецот Димитар Митровски вели дека јавноста може да очекува оти ќе го дадат најдобротот против Белгија.

„Не’ чека доста тежок натпревар треба да направиме доста добра анализа, да анализираме каде што како да потполниме. Може да очекува јавноста дека ќе бидеме на максимум на 100% и дека ќе дадаме се од себе. Секој натпревар ни е важен, секој натпревар носи бодови, прво е Беглија потоа е Казахстан. Ќе има сигурно некои промени, меѓутоа ќе видиме ние што како ќе направиме се надевам на бодови ќе дадеме максимум. Најмногу се посветуваме на ментално и на тактичкиот дел, се надеваме дека ќе изгледаме добро. Задоволен сум што ја добив таа награда, тоа е една потврда дека работиме добро со клубот Вараждин и нормално друго е чувството кога ќе дојдеш тука“, вели Митровски кој е играч на хрватски Вараждин.

Натпреварот меѓу Македонија и Белгија се игра во петок со почеток од 20:45 часот на Нациолналната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Александар Ванев, М-Нет