Маж уби жена во Штип

фото: М Нет-ТВ

Дваесет и пет годижен маж убил 29 годишна жена во близина на штипскиот парк Суитлак. Според првичните информации од МВР околу 20.15 часот во Полициска станица- Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип. Од страна на полициски службеници телото е пронајдено. Во тек е увид на местото на настанот во присуство на дежурен јавен обвинител“. Повеќе детали околу убиството и кој е мотивот се очекуваат во текот на утрешниот ден. Телото на починатата жена е предадено на обдукција.

Фото: М Нет-ТВ