
Во Третата македонска фудбалска лига – Исток непоразен лидер на табелата е Слога Виница со максимални 21 бод на своето конто за седум од седум и сигурно оди на патот кон баражот за Втора лига.
Во Трета лига – Југозапад нема изразит фаворит засега сигурно на патот кон баражот за Втора лига одат лидерот Преспа од Пресен и некогашниот второлигаш Кораби од Дебар.
Во Трета лига – Север главен фаворит е Шкендија од Арачиново која веќе има четири бодови залиха во однос на второпласираниот поранешен прволигаш Еуромилк ГЛ.
Во Трета лига – Запад борбата за првото место ќе ја водат екипите на Влазерими и Тетекс.
Во Трета лига – Југ лидер на табелата е Големо Коњари, тим кој сака бараж за Втора лига.
Шампионите во Трета лига немаат директен влез во Втора лига, тие мораат да играт бараж за влез во Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет