Маж од Пробиштип агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал во КБ Штип и физички нападнал полициски службеник

На 10.04.2022, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода З.К.(55) од Пробиштип бидејќи околу 23.00 часот во Клиничка болница Штип агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија. З.К. бил задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.