Лукаревска: Состојбата во штипска „Баргала“ е многу лоша!

Состојбата од даночното работење и сметководственото работење во штипската Баргала е многу лоша, истакна денес на прес конференција директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Таа додаде дека ситуацијата со Баргала будно се следи и дека контролата е при крај.

„Во неколку наврати известивме дека заедно со Државниот инспекторат за труд спроведуваме координирани контроли поготово и кај овие текстилни фабрики со тоа што наместо оние регуларни контроли за искористеноста на финансиската помош, ние имаме контрола со која што сме се вратиле од три до пет години назад по сите основи на даноци. Го следиме будно случајот со текстилната компанија Баргала, контролата нам ни е при крај, ќе имаме голем наод и можам да кажам дека состојбата од даночното и сметководственото работење е лоша“ – Сања Лукаревска Директор на УЈП.

Доста неправилности во работењето се утврдени и кај други текстилни и кожарски компании и тоа од енормни размери.

Лукаревска посочи дека секојдевно сме сведоци на отпуштање на работници, но овде освен постапувањето на Државниот инспекторат за труд како надлежен орган од инспекциски аспект постапуваат и од УЈП.

Лаура Стојанова М-Нет