
Со фестивалот за Култура традиција и обичаи започна таканареченото Кочанско културно лето кое се организира по повод празникот на градот Кочани, Петровден. Во текот на вчерашниот ден со дефиле кое започна од пред зградата на општината до летната сцена при центарот за култура Бели мугри и официјално започнаа активностите со кои ќе се одбележи ова културно лето. Настап имаа и претставници од Бугарија кои се претставија со танц карактеристичен за нивниот Пирински регион.
Гостите од Република Бугарија кои беа дел од отварањето на културните случувања во Кочани задоволни од целокупната организација.
“Тука сме за прв пат во вашата општина, се чувствуваме прекрасно и организацијата ви е на многу високо ниво. Благодариме за поканата. Оваа вечер со еден танц карактеристичен за нашиот регион пирински со едно оро“ – кажа Атанаска, гостин од Бугарија.
Културните активности во Кочани продолжуваат и во наредните денови се до 12 јули односно до Петровден. Збогатени со музички настапи на разни групи, промоција на книги изложби и слично ќе се одвива ова културно кочанско лето.
Различни манифестации за разни целни групи и за сите генерации се предвидени годинава во Кочани. На иста локација градскиот парк во Кочани ќе се орагнизира и арт пазар, изложба, а гости ќе има како од градовите во нашата држава, така и од други држави.
Фестивалот на култура традиции и обичаи е дел од проектот „Нашето заедничко минато, патека за заедничка иднина“ финансиран од ЕУ а реализиран од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија, проект со кој е реконструиран Мултикултурниот центар.
Периодот до 12 јули доколку патиштата ве водат кон Кочани, уживањето е загарантирано посочи Михаилов.
Лаура Стојанова М-Нет