Локацијата можеби ќе остане иста, но не се знае кога точно ќе биде пуштен во функција јавниот тоалет во Штип

Општина Штип е една од општините во Истокот каде што јавните тоалети не функционираат, и тоа повеќе години. Темата е работена и претходно, граѓаните во неколку наврати коментираа за очајната состојба бидејќи јавните тоалети не функционираат. На светскиот ден на тоалетите 19 ноември го прашавме новиот градоначалник на Општина Штип дали и кога ќе бидат функционални јавните тоалети, со оглед на фактот дека тоа беше и негово предизборно ветување.

„Ова е потреба која што се провлекува со години во нашиот град, изборно ветивме дека ќе направиме јавен тоалет достапен за сите граѓани во Општина Штип. Јас се надевам дека во најскоро време, во наредниот период ќе разработиме проект, локација каде што овој проект ќе биде финанширан и реализиран, се со цел да го обезбедиме ова предизборно ветување, но и да ја обезбедиме оваа потреба на граѓаните на Општина Штип“ – кажа Јорданов.

За локација Јорданов спомена дека во игра е и страта но се размислува и за нова, но конкретно временската рамка кога ќе биде ставен во функција јавниот тоалет во Штип нема, односно се споменаа неколку месеци.

„Повторно ќе кажам со оглед на тоа што релативно кратко време сум на оваа функција, ќе ги разгледаме сите можности, не ја отфрламе можноста да профункционира и страта локација, но има потреби и од други локации“ – додаде Јорданов.

Јавнен толает во Штип нема веќе со години и ова се јавува како доста горчлив проблем за штипјани. Последната предвидена локација е во централното градско подрачје, каде е изградено тоалет но истиот не е во функција.

Лаура Стојанова М-Нет