
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов е новиот претседател на Источно плански регион. На денешната седница во пристуство на градоначалниците од Источниот регион едногласно се прифати предлогот Јорданов да биде претседател на ИПР. На оваа седница се верификуваа и мандатите на градоначалниците, а Јорданов посочи дека ќе се соработува со сите општини, а благодетите ќе ги почувствуваат граѓаните.
„Заврши седницата на Советот на градоначалници на ИПР, на која што беа верификувани мандатите на новите членови, на новите градоначалници. На истата е избран претседател, на мое огромно задоволство, јас како градоначалник на Општина Штип сум номиниран, изгласан и избран за претседател на овој совет. Се надевам дека во наредниот период ќе носиме одлуки со кои што ќе дадеме допринос во целиот Источен регон“ – кажа Јорданов.
Развој на целиот Источен регион ќе биде примарната заложба на Советот на градоначалници на Истчно планскиот регион, додаде Јорданов.
Претходно претседател на Источно планскиот регион беше Сашко Николов, исто градоначалник на Општина Штип.
Лаура Стојанова М-Нет