Ликвидноста на КЈП „Солидарност“ – Виница на стаклени нозе, ќе се покачи ли цената на водата?

Електричен шок, економска криза, зголемување на платите на вработените, ова се само дел од причините поради кои тешко оди испалата на плати во КЈП Солидарност Виница. Заради голговите кои ги има преппријатието од претходно како и финасиските загуби својата ликвидност ја држи на стаклени нозе. Но, ветуваат дека до крајот на месецот вработените на неопределено време ќе земат плата за месец ноември.

„Основен проблем ни е платата за нормално функционирање, ама каде се другите, нафта, деловни резерви и слично. Од масата на пари што ја имаме, тешко дека уште долго време ќе може да издржиме и редовно да земаме плата. Во нето износ за околу 90 вработени е 180.000денари, а во бруто 250.000“, изјави Игор Спасовски, директор на ЈП „Солидарност“ – Виница.

Од виничкото јавно претпријатие велат дека очекуваат да помине на Седница на Совет одлуката да се покачи цената на водата, со што ќе има дополнителен прилив на средства. Но, како што додаваат не се сигурни колку ова ќе помогне за стабилизирање на финасиската ситуација во ова претпријатие.

„Колку ќе биде доволно тоа, не знам. Инаку, редовно поднесуваме тужби до нашите корисници, ама реално луѓето редовно си плаќаат. Сумата на пари која ја земаме не е доволна за функционирање на ЈП Солидарност Виница“, додава Спасовски.

За да излезат од финансискиот амбис, голем дел од претпријатијата беа приморани да воведат рестриктивни планови. Ги замрзнаа вработувањата, а исплатата на прекувремените часови ја заменија со слободни денови. Во КЈП Солидарност Виница голем број од вработените сами напуштија, па од 107 вработени сега бројот е сведен на помалку од 80. Ова е дополнителен проблем и не можат да се извршат основните услуги кон граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет