
Летото доаѓа, од недела температурите во пораст, најавуваат синоптичарите. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека не’ очекува стабилно и претежно сончево време, со температури кои веќе во почетокот на следната недела ќе надминат 30 степени. Особено висока температура се очекува во вторник.
Дека и во јуни има можност за појава на поројни дождови, согласна е Фиданоска Мишкоска, која вели дека нестабилните временски услови се резултат на судирот на топли и влажни воздушни маси. Според неа, јуни често носи краткотрајни, но интензивни врнежи, проследени со грмежи и локално невреме.
Сепак лекарите од друга страна препорачуваат граѓаните да внимаваат на изложеноста на сонце, особено во најтоплиот дел од денот, и да внесуваат доволно течности. Иако нестабилно, времето во јуни ќе биде вистинска најава за претстојното лето.
Иван Митев, М-Нет