Ленче од Штип со порака до својата ќерка: да не ја злоупотребува помошта од граѓаните

Живот во лаги и секојдневен страв од нови искушенија. Ленче Николовска од Штип е мајка на две деца. Нејзината голгота започнува кога незината ќерка на 12 годишна возраст бега од дома и неколку месеци ја бара дури и полицијата во Штип. По неколку години таа го остава своето тригодишно дете со баба му и заминува од дома. Оттогаш комуникацијата меѓу ќерката и госпоѓа Ленче се намалува. Кулминација приказната добива пред извесен период кога ќерката излегува во емисија и пред јавноста раскажува за тоа како била избркана од дома од нејзиното семејство и како тие не и дозволуваат да го виде сопственото дете кое денеска има 13 години.

„Детето го остави на три години, 2013 година го остави. Дојде два – трипати и тоа со сила за да го види детето и тоа откако почина сопругот. Таа помошта што ја даваат на него станот му го реновираат, тоа сѐ е злоупотреба, на ова дете ништо не му даде“, вели Ленче.

Ленче со солзи во очите раскажува дека никогаш ја нема избркано својата ќерка од дома, дури цели вечери заедно со незиниот син и сега покоен сопруг ја барале. Приказната која ја слушнала на телевизија за неа преставува вистински стрес, за да заврши и во Брза помош. Не бара помош само сака хуманитарните средства да завршат онаму каде навистина се потребни и нејзината ќерка да ја каже вистината онаква каква што е.

Ленче денеска живее во семејната куќа во Штип заедно со нејзиниот син и внук, детето кое го оставила нејзината ќерка. Вели никогаш не ѝ било забрането да го види сопственото дете и да му пружи мајчинска љубов и единствено што бара е вистината да излезе на виделина, а хуманитарните средства да завршат онаму каде навистина се потребни.

Лаура Стојанова М-Нет