
Најдебелиот крај во ковид кризата го извлекоа текстилните работници, дециден денеска на прес беше носителот на советничката листа од коалицијата ЛДП ДОМ, Мартин Каровски. Бидејќи голем дел од истите останаа без работните места, и им е потребна помош, Каровски исткана дека предвидуваат бесплатна правна помош за текстилните и кожарски работници.
„Во ковид кризата работниците се оние кои го извлекоа најдебелиот крај. На некои платите им беа намалени, други добија откази. Работнички – корисници на помош за ковид кризата на работниците им подметнуваа спогодбени откази, а нивните газди парите ги задржаа за себе. Некој работнички откако со месеци не зедоа плата, завршија со долгови кај извршители. Во секој општина, во секоја држава граѓанинот мора да биде на прво место! Затоа, локалната самоуправа предводена од коалицијата „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП предвидува бесплатна правна помош за текстилните и кожарските работници, како и за сите социјално загрозени категории. Ќе формираме тим од врвни правници од Штип кои ќе ги заштитуваат правата на работниците. Мораме да престанеме да бидеме општество во кое правното застапување е луксуз!“ – истакна Каровски.
Сиромашните и работниците не може да си платат адвокати и заради тоа нивните права се најзагрозении. Оваа фактичка состојба во Општина Штип мора да биде минато, додаде Каровски.
Лаура Стојанова МНет