Со новата детска градинка во Кочани, населба „Драчевик“ добива урбан лик

По четири години населба Драчевик во Кочани доби нова детска градинка. Денес увид во градежните активности изврши Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпааска. 112 деца од 0 до шест години ќе бидат згрижени овде, а истовремено ќе се згрижат и деца со посебни потреби.

Зградата за децата и нивната поголема активност е проектирана од страна на светски познат словенски архитект. Со оваа градинка населбата Драчевик добива нов урбан изглед.

Проектот е со вредност од 57 милиони денари и е во завршна фаза. Треба да се уреди инфраструктурата околу градинката, пристапот и дворната површина како и хортикултурното уредување.