
Делегирани судиите за 14. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад. Колото ќе биде отворено утре со дуелот помеѓу Новаци и Лирија од Грнчари, а ќе биде затворено в недела со останатите три средби.
Сите натпревари ќе започнат во 15:00 часот.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 14. КОЛО ТМФЛ – ЈУГОЗАПАД:
Новаци – Лирија Грнчари, Ѓорѓи Лаброски (Струга)
Демир Хисар – Преспа, Анѓеле Спироски (Струга)
Иднина Боровец – Кораб, Александар Крстевски (Битола)
Јанг Тим – Сатеска, Александар Ангелески (Битола)