
Денеска (11.08.) во 03.32 часот во дворно место од куќа во Кочани, сопственост на С.С.(36) од населба Оризари, кочанско, полициски службеници постапувајќи по претходна пријава, пронашле 10 куршуми, калибар 9мм за сигнален пиштол и девет чаури од куршуми, калибар 9 мм за сигнален пиштол. Истите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.