КУП: Брера преку пенали го исфрли Гостивар, Силекс го доби Башкими во меч со ПЕТ гола

Фото: ФК АП Брера

Поранешниот освојувач на Купот на Македонија екипа на Брера Струмица преку пенали го исфрли новиот прволигаш Гостивар, откакор регуларниот дел во Струмица заврши без погодоци со чисти мрежи (0:0).

На Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица во регуларниот дел мрежите мируваа, па натпреварот се решаваше преку пенал лотаријата каде повеќе среќа имаше домашниот тим.

Салваторе Рибаудо погоди во првата серија за Брера, а пак интернационалецот од Нигерија, Оланревају Мухаммед Кехинде погоди за 1:1.

Во втората серија Аргентинецот Нахуел Исмаел Франко погоди за 2:1, а Ијаји Белиеве Атиемвен израмни на 2:2.

Марио Врдолјак постигна гол воо следната фаза, а пак Емран Рамадани не беше прецизен. Во следната фаза Леонардо Антонио погоди за 4:2, а Ангелче Тимовски намали на 4:3. Во последната серија Димитар Трајков и Алпер Потук погодија за конечни 5:4 со што Брера патува во четвртфиналето.

Силекс преку второлигашот Башкими патува во следна фаза, откако во Кравото со 3:2 прволигашот беше подобар за четвртфинале.

На полувреме Силекс имаше водство од 2:0 со двата гола на Антонио Каланоски кои погоди во 10. и 13. минута. На стартот од вториот дел Дарко Анѓелески постигна гол за убедливи 3:0. Гостинот од Куманово преку Бурхан Алији намали на 3:1 во 64. минута, а во 78. минута остана без Азиз Амети на теренот откако заработи втор жолт картон.

Со играч помалку на теренот Башкими преку Мергим Љутфиу во 85. минута намали и ублажи на конечните 3:2.