Во приградската населба Три Чешми православните христијани ја чествуваа св. Злата Мегленска

Православните христијани денес ѝ оддават почит на светата Злата Мегленска. Чествувањето се одржа во црквата во штипската приградска населба Три чешми, а беше во организација на Здружението „Мирка Гинова“ во Штип. Поводот за одбележување е големата побожност на светицата, која е родена во Слатина, во Мегленската област од Егејска Македонија. Таа била кротка, побожна и мудра девојка со богобојазливо срце. На понудата да се потурчи, таа останала верна на Христос и покрај убедувањата на нејзините роднини. Присутни имаше од Штип, Свети Николе и останатите околни населени места.

„Во име на организацијата Здружението Мирка Гинова од Штип се одбележува овој ден посветен на Света Злата Мегленска која е родена во Егејска Македонија. “ вели Димков.

За присутните празникот значи оддавање слава на Бога, а повеќето на оваа литургија беа првпат. Си посакаа здравје, многу благослови и мир. Основната пренесена порака беше издржливоста и верноста на св. Злата Мегленска и покрај тримесечните измачувања.

Лаура Стојанова М-Нет