Куманово ги започна подготовките за ракометната Суперлига под водство на новиот тренер Аце Станковски – целта е влез во плеј-офот!

ФОТО: Александар Ванев

Суперлигашот Куманово ги започна подготовките за новата сезона која ќе биде отворена со натпреварите од првото коло на 6 септември.

Куманово подготовките ги започнува со новиот тренер Аце Станковски, а целта на клубот ќе биде влез во плеј-офот каде се разигрува за титула и излез во Европа.

Костурот на екипата од минатата сезона е задржан, а ангажирани се неколку квалитетни засилувања со кои ќе се подига квалитетот за новата сезона, а целта ќе биде подобар пласман од минатата сезона односно влез во плеј-офот.

Подготовките ќе се реализираат во Куманово до стартот на новата сезона, а клубот има предвидено и одигрување на неколку пријателски натпревари за темпирање на формата.

Од Суперлигата испаѓа последната екипа директно во Првата ракометна лига, а пак претпоследната игра бараж за опстанок во ракометната елита на Македонија.

Новата сезона екипата на Куманово ја отвара на домашен терен против Радовиш.

Александар Ванев, М-Нет