
Цели 13 дена се гасеше пожарот на планината Готен, а денеска се приклучи и дождот. Со помош на врнежите од дожд, се очекува пожарот целосно да биде изгаснат. Изминативе две недели се гасеше од земја и од воздух, а се очекува денеска да се зарши и последниот крак од страната на Радовиш.
„Пожарот на планината Готен во изминатите 13 дена учествуваа вработени во ЈП Македонски шуми, вработени во територијалните единци на Радовиш, Берово, Струмица. Учествуваа војниците од Армијата, припадници на МВР, доброволци.“ – вели Михаилов.
Дожд со слаб интезитет утринава заврна и во Берово, па се очекува пожарот и од оваа страна да биде целосно изгаснат. Овде делуваат и пожарникарите од Словенија кои пристигнаа во текот на вчерашниот ден со 18 опремени возила, од кои дел беа специјализирани за гасење шумски пожари.
Пожарот на планината Готен кои избувна пред 13 дена проголта четири илјади хектари површина на трите општини Радовиш, Берово и Струмица.
„За жал однесе повеќе од четири илјади хектари на трите општини, околу 2300 хектари во Струмица, над 1200 во Берово и околу 1300 во Општина Радовиш. Добар дел од површините кои се внатре во оваа површина не изгореа, има доста зелени оази кои останаа и се надевам дека доколку заврне дожд ќе престане и чадењето“ – вели Михаилов.
Михаилов во оваа прилика повика на внимателност од страна на граѓаните со цел да не се предизвикуваат пожари на отворено бидејќи од мала искра може да изгори цела планина.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет