Куманово во финишот ја доби Риниа, Шкендија Арачиново до нова победа, Фортуна пресилна

Денес беа одиграни натпревари од 22. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север.

Фортуна на домашен терен со 5:0 го декласираше Петровец, во меч каде Мифтар беше стрелец на три гола, а по еден гол постигнаа Мемети и Емини.

Ланскиот второлигаш Пехчево Скопје ремизираше без голови (0:0) со Аеродром. ССК Нова до прв бод сезонски бод, дури после 22 натпревари „фенерџијата“ доаѓа од првиот бод, откако одигра 2:2 против Бутел.

Муслиовски во 16. минута погоди за 1:0, а Василев веднаш израмни на 1:1. Во вториот дел Илиевски постигна гол во 53. минута за 1:2, а потоа во 61. минута Џаферовски погоди за конечни 2:2.

Башкими Љуботен на домашен терен загуби од Шкендија Арачиново со 1:2. Алији во 46. минута погоди за 0:1, откако во првиот дел немаше погодоци. Во 70. минута Беќири погоди за 0:2. Во 73. минута Мурати ги постави конечните 1:2.

Беса Влазрими со 5:2 го доби БВК Коњаре на домашен терен, а стрелци за домашниот тим беа Фитим Бајрами, Амир Бајрами, Шуајб Бајрами, Мерван Фетаи и Куштрим Демири, за гостинот погодија Демири и Рамдедовиќ.

Кадино откина два бода од фаворитот Еуромилк ГЛ откако дете екипи одиграа 3:3. Стојаноски, Николовски и Крстевски беа стрелци за домашниот тим, а за гостинот погодија Стојчевски, Тасески и Исмаиловски.

Куманово со двата гола на Кристијан Ивановски во финишот од мечот стигна до трите бода против Риниа од 0:2. Во 88. минута Ивановски погоди за 0:1, а во судиското надополнување Ивановски погоди за конечни 0:2.

Александар Ванев, М-Нет