Воска слави голема победа над Вардар, Тиквеш ја доби Шкендија

Денес беше комплетирано 28. коло од Првата лига, кое беше отворено вчера во Штип со победата на Работнички од 0:1 над Брегалница.

Денес во Кратово ремизираа Силекс и Шкупи играјќи без погодоци 0:0, а пак Воска Спорт на Маџари со голот на Милиш Ачимовиќ дојде до минимална (0:1), но важна и голема победа над Вардар во дербито за опстанок во Прва лига.

Шампионот и лидер Струга со голот на Бесарт Ибраими славеше над Македонија ЃП со минимални 0:1.

Брера Струмица во финишот извлече бод на гостувањето кај Гостивар каде ремиираше играјќи 1:1. Кехинде во 58. минута погоди за 1:0, а пак Трајков во 87. минута погоди за конечни 1:1.

Голема победа за Тиквеш на домашен терен од 2:1 над Шкендија. Тиквеш предводен од Ѓорѓи Мојсов игра во одлична форма, откако обезбеди финале од Купот на Македонија преку Шкупи, денес триумфираше и над некогашниот шампион од Тетово.

Спахиу во 3. минута погоди за 1:0, а пак Тотре израмни на 1:1 во 24. минута. Во вториот дел Малески постигна гол во 62. минута за конечните 2:1.

Лидер е Струга со 58 бодови, Шкупи е втор со 55 бодови, а на третото место е Шкендија со 52 бодови. На 4. место е Тиквеш со 39 бодови, место подолу е Силекс со 38 бодови, а пак Гостивар е шести со 37 бодови.

На седмото место е Брера со 34 бодови, колку што има и Работнички кој е место подолу. Воска Спорт сега е проби до деветтото место со 31 бод, а пак Вардар е на 10. место со 29 бодови односно во бараж зоната.

На 11. место или во бараж зоната за испаѓање е Брегалница со 26 бодови, а на дното е Македонија ЃП со 25 бодови.

Александар Ванев, М-Нет