Крстев прозиваше во Виница, Слога ги започна подготовките

Третолигашот Слога од Виница ги започна подготовките за пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток, откако шефот на стручниот штаб Крсте Крстев ја имаше првата прозивка.

Во следните денови во Слога треба да бидат промовирани уште неколку засилувања за пролетните предизвици каде Слога ќе се бори да го освои првото место кое води во баражот за Втората македонска фудбалска лига.

Во првото пролетно коло Слога Виница ќе игра на домашен терен против екипата на Дојранско Езеро.

Александар Ванев, М-Нет