Се договорија, ја пуштија Ива Михаилова, па сега прават театар: СДСМ бара оставка од Тошковски

Зад грбот на народот, под маса, „под радарот“ се договорија со Бугарија и ја пуштија Ива Михаилова преку граница, реагираат од СДСМ.

„Муцунски договорал, Панче ја пушти. А Мицкоски очигледно дал амин.

Наместо одговорност од Тошковски сега народот гледа театар.

Се повикува амбасадорот на Бугарија, се распишува потерница, се бара притвор, префрлаат одговорност на некој друг, се тера медиумска кампања, криви им се Филипче, Заев, СДСМ.

Класични арамиски шеми. Секогаш кога се фатени живи како го лажат народот, како прават договори „под радар““.

СДСМ, потенцираат од партијата, бара одговорност од сите за кои ќе се утврди дека се вмешани во пуштањето на Михаилова.

„Од оние кои договарале и давале инструкции, до оние што постапувале или пропуштиле да постапат.

Ја пуштија да избега, чекаа да се појави на медиумите во Бугарија за потоа нивните медиуми, 40% под контрола на Орбан и Вучиќ да го почнат со театарот дома.

Границата е швајцарско сирење, решето и за криминалци и за бегалци од правдата.
Ова е договорено! И затоа мора да има одговорност“.

СДСМ бара оставка од Панче Тошковски како министер што, како што велат, раководи со полицијата и со службите задолжени за контрола на границата.

Граѓаните, оценуваат во опозициската партија, заслужуваат вистина и правда, државата заслужува институции што го спроведуваат законот.

Текстот Се договорија, ја пуштија Ива Михаилова, па сега прават театар: СДСМ бара оставка од Тошковски е превземен од МАКФАКС.