Кров кој тече, без тоалет, без греење и струја живее Арза од Штип со нејзината ќерка и три малолетни внучиња

Во куќа која не е нејзина, со скршени предмети, без соодветн кров и без греење живее Арза Илиевска во Штип. Уште позагрижувачки е фактот дека со неа живеат нејзините три малолетни внучиња и ќерка и која е бремена. Пари немаат ни за доволно храна и средства за хигиена, ниту за кирија. Вели откако пред четири години починал нејзиниот сопргуг ситуацијата е лоша.

„Немам услови за живот, имам мали внучиња, имам ќерка напуштена, седам во оваа куќа ама ако дојдат луѓето утре јас морам да си одам. Немам пари ни за мене ни за кирија.“ – вели Илиевска.

Илиевска работи како чистачка во станбени згради, ама вели тие пари не се доволни да се преживее месецот. Во период кога цените на сите производи се високи, пари има или само за храна или за средства за хиеина. Без електрична енергија во 21 век, велат во мизерни услови живеат и се молат за подобро утре.

„Работам како чистачка, ама тоа се малку пари. Струја немам, а вода имам. Купатилото ми е катастрога, кога врне дожд капе, се е скршено унатре. Немам ниту дрва, ниту шпорет.“ – вели Илиевска.

Таа и нејзиното семејство имаат потреба од облека, дрва за огрев, средства за хигиена, како и можност да најде дополнителна работа за да обезбедува повеќе финансиски средства.

Илиевска посочува дека помошта сега и потребна повеќе од било кога, како за неа така и за нејзината керка и трите малолетни внучиња кои живеат во нехумани услови.

Лаура Стојанова М-Нет