
Завршена конзервацијата и реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани. Старата слика од овој простор, уништениот под и слично веќе се минато. Измиинатиот период се работеше на архитектурата и градежниот дел, мозаикот е променет 80% од она што беше претходно. Градоначалниот, Љупчо Папазов посочи дека останува грижата за овој простор со цел да може да се користи и од идните генерации.
„Времето во кое е граден овој споменик и амбициите со кои е пристапено во реализацијата на еден мозаик од 330 метри квадратни уметнички потфат и архитектонски се сериозен редизвик особено за времето во кое е започната градбата. Затоа обврската е да се грижиме доборо за ова културно наследство, заради тоа што зборува за историјата на македонскиот народ, заради тоа што е влезен во регистерот на споменици на културата заштитени со Закон“ – вели Папазов.
Освен проектот за реставрација и конзервација на Споменикот на слободата во Кочани, во соработката со САД се работи на голем број проекти, со кои ќе се зачува културното наследство. Министерот Зоран Љутков, посочи дека постојано се вложува и цел е да се работи низ цела држава.

„Сакам да кажам дека Македонија заедно со Соединетите држави работат на многу проекти во овој период од 2001 година до сега се вложени некаде околу два милиони евра. Постојано се вложува во нашето културно наследство.“ – вели Љутков.
На споменикот на слободата во Кочани изминатиот период се реализираат и голем број настани на отворено. Агелер посочи дека сега со реставрацијата на споменикот се отвора можност за поголема посетеност.
„Ние сме задоволни како амбасада што имавме можност да го поддржиме овој проект и навистина се надевам дека граѓаните во Македонија ќе може да го посетат споменикот, да уживаат. Во Македонија се поддржувале проекти и претходно како Стоби, Хераклеја, Свети Спас во Скопје, сега и овој во Кочани, со што се негува културното наследство во државата„ – вели Агелер.
Проектот е финансисран од страна на амбасадорскиот фонд во износ од 254 илјади долари, а носител на грантот е Општина Кочани. Стручниот надзор, професионалните работи ги вршеше Завод и музеј Штип.
Лаура Стојанова М-Нет