Кривична пријава за див таксист од Свети Николе

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.С.(60) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.   На 28.03.2025 во Свети Николе, полициски службеници извршиле контрола над патничко возило, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.