Со хуман гест од „Зендолино маркети“, пристигнаа првите брзи ковид тестови во КБ – Штип

Со хуман гест денеска, „Зендолино маркети“, донираше брзи ковид тестови за Клиничката болница во Штип. Ова се и првите вакви тестови кои пристигнуваат на Инфективното одделение, а се очекува достава и на брзи тестови од Министерството за здравство.
„Ние сме први којшто донираме брзи ковид тестови во Клиничката болница во Штип. Ова не ни е прва донација, сме донирале и претходно, но овојпат со поинаков карактер. Се донираа 125 тестови од реномираната фирма Abbott, и можам да кажам огромно е задоволството што во вакви тешки моменти можеме на некој начин да придонесеме и да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Гестот е со хуман карактер, и со цел да се потикнат и останатите приватни компании да донираат и да помогнат во спречувањето на ширење на корона вирусот“ – стоеше во изјавата на директорот на „Зендолино маркети“, Ѓоше Зенделов.
Благодарност за донацијата добивме и од Клиничката болница Штип.
„Морам да изразам огромна благодарност за донацијата на брзи ковид тестови кои денеска пристигнаа во наштата клиника. Ова се први брзи ковид тестови и со истите ќе бидат бесплатно тестирани пред се пацинетите на кои тоа им е неопходно. Се разбира, не се доволни, но очекуваме и од Минстерството за здравство да пристигнат други во најкратко можен рок. Со оваа донација се покажува човечноста и хуманоста во тешки времиња.„ – пишуваше во изјавата на Марина Шуманска потпарол на Клиничка болница Штип.
Состојбата на Инфективното одделение во Штипската клиничка болница и понатаму е загрижувачка. Но, со веќе пристигнатите брзи ковид тестови се додава можност плус за спречување од ширење на Ковид пандемијата.

Лаура Стојанова М-Нет