
Со 15% од вкупната сум или нешто повеќе од три милиони денари треба да се одвојат од Буџетот на Општина Штип за реализација на авантуристичко адреналинско парк. Ова како предлог одлука едногласно беше прифатено на денешната седница на Советот на Општина Штип. Локалцијата ќе биде под игралиштето во населба Суитлак во Штип.
„Локацијата е во Суитлак под игралиштето, на површина од седум илјади квадратни метри. Предвидено е спортски комплекс, атлетска патека и сензорска патека за деца со посебни потреби, баскет игралиште, паркова површина, клупи, осветлување“ – кажа Илијев.
Предлогот наиде на поздрав и поддршка и од страна на советничката група на СДСМ и коалцијата , бидејќи штипски Суитлак заслужува да добие вакво место.
„Сѐ што е од интерес за граѓаните во Штип и сѐ што е на овој дел од градот треба да се надградува со дополнителни содржини. Затоа секој ваков проект ќе биде поддржан од страна на нашата советничка група“ – кажа Поповска.
Прокетот чини вкупно околу 23 милиони денари, Центарот за развој на ИПР и Швајцарската Амбасада ќе учествуваат со над 19 милиони денари, а остатокот е од Буџетот на Општина Штип.
Лаура Стојанова М-Нет