Краставицата и доматот се трошеа како алва на пазарот во Штип пред 1 Мај

Реални, намалени цени, раздвиженост пред празнично, производство доволно – вака продавачите на градскиот пазар го коментираа денешениот пазарен ден во Штип. Во очи на празникот 1 Мај велат дека краставиците и доматот се трошат како алва, цените се намалени бидејќи почна домашното производство. Во помала мера се бара и младиот кромид, па задоволни се и од раздвиженоста и од побарувачката.

„Денеска има побарувачка, припрема за 1 мај, робата свежа, цените доаѓаат во нормала, паѓаат. Излезе македонска домашна краставица и веднаш цената е пониска. Цената на пиперот, лутиот е 140 денари за килограм, благ не продаваме„- велат продавачите.

Дека намалување на цените на производите се забележува согласни се и купувачите. Велат дека моментално цените се реални, иако примањата се ниски и за нив тоа преставува проблем.

„Малку доматот го намалиле оти беше 140 денари, сега е 100 денари, ама за нашите плати ова е скапо. Краставицата е добра, ама пиперот е уште скап, некаде се продава и по 200 денари за килограм“ – велат купувачите.

Пред празнично краставицата и доматот, зелената салата, но и сезонското овошје беа најпобарувани на пазарот во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет