Нова директорска промена во штипски Исар, ќе добие ли претпријатието нов директор?

Нова трансформација во Јавното претпријатие Исар. Од почетокот на наредниот месец штипски Исар ќе добие ново раководство. Според неофицијални информации на М-Нет телевизија, сегашниот актуелен в.д. директорот во директорската фотелја остнува до крајот на овој месец.

Сегашниот актуелн в.д. директор Трајан Коцев во телефонски разговор за М-Нет телевизија остана воздржан од коментари. На прашањето дали заминува или не од директорската фотелја на јавното претпријатије кажа дека ќе бидеме благовремено известени.

„Деновиве поминува мојот мандат од шест месеци како в.д. директор на ЈП Исар. Во изминатите шест месеца се работеше доста напорано и посветено на терен за што сведоци сте и вие и јавноста. Но, дали по истекот на мојот мандат ќе следува промена или не на директорското место ќе бидете известени наредната недела“ – кажа Коцев.

Ова е втора смена на директорското столче на ЈП Исар откако се промени Локалната власт во Штип на последните локални избори во 2021 година. Кога Јорданов дојде на позиција градоначалник на Општина Штип, во директорската фотелја на ЈП Исар седна Трајче Здрваков. Тој на чело на претпријатието беше нешто повеќе од една година, па потоа беше назначен за шеф на кабинет, функција која ја извршува и денеска. Трајан Коцев на директорската позиција седна на 21 декември минатата година, како нов в.д.директор на најголемото штипско претпријатие.

Лаура Стојанова М-Нет