
На 10.11.2020 во 14.17 часот во СВР Штип, вработен од обезбедувањето во Клиничката болница Штип пријавил кражба на златен накит од починато лице на Инфективно одделение при Клиничката болница Штип. Според пријавеното околу 14.00 часот на Инфективно одделение дошле вработени од погребално да го подигнат телото на починатото лице, при што го побарале златниот накит за да го предадат на фамилијата, но од страна на засега непознато лице накитот бил одземен. Се работи на расчистување на случајот.