Кравари ја декласираше Сатеска, Кораб се „лизна“ во Ресен

Денес беа одиграни четири натпревари од 3. коло од Третата лига – Југозапад, а големото изненадување се случи во Ресен каде Преспа со 3:0 славеше над фаворитот Кораби. По еден гол за Преспа постигнаа Колоски, Будиноски и Пластиновски.

Сатеска на домашен терен загуби од Кравари со високи 3:6. За домашниот тим Секулоски беше двоен стрелец,а Стрезоски беше стрелец на еден гол. За гостите Ризовски постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Лаковски, Јанакиевски и Бошковски.

Лирија во Грнчари со 3:0 забележа триумф над Демир Хисар со двата гола на Наумовски и еден гол на Сакоја.

Светлост стигна до првото сезонско славје откако дома славеше против Влазними со 2:1. Гостите преку Шекуткоски стигнаа први до водство од 0:1, а брзо потоа Светлост преку Пачивски и Бучински стигна до пресврт и конечен резултат од 2:1.