
Загадениот воздух, почува, вода за пиење, храна која се конзумира се главни причинители за намален имунитет кај насалението, особено кај малите деца. Чести се заложбите за одржување на чиста и здрава животна средина но тоа потешко оди. Конкретно во Општина Кочани. 18 здруженија на ниво на Кочани се залагаат овие проблеми да бидат решени. По затворањето на еден од најголемите загадувачи фабриката „Пејпер мил“ се чувствува значително подобар воздух, но овде не изостануваа останатите загадувачи. Сведоци сме на се поголем број запалени стрништа, предизвикуваќи пожари но и загаденост на воздухот. Одборот за здрав живот Кочани, ја разгледува оваа проблематика од два аспекти.
За да не дојде до палење на земјоделските остатоци предложени се три алтрнативни решенија.
„Првата беше да се стави на секој комбајн отпозади дробилка која би ја правила сламата толку ситна да таа може многу бргу да се сакпе во земјата. Втората е целата површина да се испрска со азот, и третата е да се собере целата слама и лушпата да е од корист“ – истакна Тодоров.
Целиот разговор за начините, но и заложбите за одржување на чиста животна средина, чист возхух, вода и храна во Кочани може да го проследите во емисијата Интерактив, денеска во 17 часот на каналот на М-Нет телевизија.
Лаура Стојанова М-Нет