Фудбал : Македонија У – 21 денес ќе одигра „контролка„со Казахстан во Анталија

Ексклузивно од Анталија,Турција ни се јави Директоророт на Македонија У -21, Зоран Зафиров со информација за престојот и активностите на нашата селекција. Младите играчи на Македонија имаат одлични услови за престој и за подготовки во пресрет на три контролни средби во Анталија.

Во друштво со членот на Управниот одбор на ФФМ Димитар Џонов тие ги пренесоа импресиите од Анталија каде што моментално времето е облачно и врнежливо, но теренот е прекрасен за игра. Она што од прва рака ни рече Директорот Зафиров е тоа што селекторот Благоја Милевски во стартниот состав го постави голманот на Брегалница Давид Денковски.

Во Анталиjа Македонија У – 21 ќе одигра три средби, вечерва со Казахстан на 27 март со Словачка и на 29 март со Бугарија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk