
Купувачите на штипскиот пазар се речиси подготвени за претстојната зима. Туршија и зелка повеќето имаат подготвено, но и денеска излегоа на пазар да го купат најпотребното. Повеќето од нив потврдуваат дека има разлика во цените од минатиот и овој петок, меѓутоа не сите сметаат дека цените се намалени. Велат, кој има пари ќе купува, а кој не – само ќе гледа.
Продавачите, пак, се децидни дека цените не се значително променети од минатиот петок. Производството е на задоволително ниво, а најбарани се зеленчуците за туршија. Зелката, велат, ќе ја има уште најмногу следниот петок.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од годинава, откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени во однос на истиот период од минатата година. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 12.4 %, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување од 2.7%. Намалување е забележано кај житните и индустриските растенија, овоштартсвото и лозарството, додека кај алкохолните пијалаци има зголемување за 81.1 %.
Ребека Спасова М-Нет