
Кошаркарите на Штип утре ја стартуваат новата сезона во Суперлигата со натпреварот од првото коло против Тиквеш. Штипјани бараат силна поддршка и полни трибини во новата сала „Џексон“ со цел победнички да ја започнат новата сезона кон остварување на целите.
Од ГКК Штип истакнаа дека билетите за првиот натпревар од новата сезона ќе се продаваат на влезот на салата по цена од 100 денари, истакнувајќи дека сакаат да ја исполнат „Џексон“ со силна поддршка за кошаркарите.
Гостинот од Кавадарци минатата сезона имаше висок пласман во шампионатот откако заврши на петтото место со минус пет бода од можност да фати плеј-оф.
Натпреварот во спортската сала „Џексон“ меѓу Штип и Тиквеш ќе започне во 18 часот.
Александар Ванев, М-Нет