
Овој викенд започнува битката за влез во Суперлигата, делегирани се натпревари за првото коло од топ осум групата на Првата лига.
Штипскиот прволигаш Соколи против Охрид ја започнува борбата за остварување на својата цел – влез во Суперлигата за следната сезона. Штипјани ќе гостуваат во „Билјанини Извори“ каде ќе се соочат со охридскиот тим, а ова ќе биде дуел на две екипи кои претендираат за влез во елитата.
Штипјани ќе се соочат со првиот предизвик на тешкото гостување, што ќе биде потврда околу нивните амбиции и квалитет за понатамошните натпревари. Мечот во Охрид се игра во недела со почеток од 17 часот.
Мега Баскет пак ќе игра дерби против Бутел, мечот во Прилеп ќе биде повеќе од возбудлив и неизвесен, а стартот е закажан за во 16 часот.
Исто, така во недела со почеток од 11:30 часот Водно Санс во спортската сала „Шабан Трстена“ во Скопје ќе се соочи со Борец Баскет.
Ден претходно, односно во сабота Вардар ќе игра против Струмица ФМП, а мечот започнува во 14 часот.
Во однос на пак на плеј-аутот каде ќе се разигрува за опстанок, во сабота ќе бидат одиграни два натпревари. Дерби од дното на две екипи кои ќе ја имаат најтешката битка за опстанок, Младинец го пречекува составот на Спортисимо. Ова е соочување на две екипи кои во регуларниот дел немаат забележано триумф. В недела два меча се на програмата.
Црн Дрим во Струга го чека тимот на Овче Поле од Свети Николе, а пак Тетекс ќе игра против Ролинг од Струмица.
Александар Ванев, М-Нет