Кошаркарите на Соколи загубија од Мега Баскет во Прилеп

Кошаркарките на штипски Соколи загубија на гостување во Прилеп каде во рамки на 13. коло од Втората кошаркарска лига беа поразени од Мега Баскет со резултат од 97:83.

Чекор напред на табелата направи и екипата на Мега баскет. Прилепчани пред својата публика беа сигурни против штипски Соколи за седма позиција во вкупниот поредок кај второлигашите.

Во однос на табелата Мега Баскет се проби до седмото место со 18 бодови, а пак штипските Соколи се на осмото место со ист број на бодови како и прилепчани.

Лидер е екипата на МКК Куманово со 26 бодови, потоа следува Маџари со 24 бодови, а пак на третото место е МЗТ Скопје УНИ Банка со 22 бодови.

Александар Ванев, М-Нет