
Делегации од Општина Штип, претставници на АРМ, МВР, ректорот на УГД, од здружението на борците и политички партии денеска положија свежо цвеќе на споменикот на великанот на македонската борба за слобода Гоце Делчев во дворот на црквата Света Богородица во штипско Ново Село и ректорат на УГД, по повод 152 годишнината од неговото раѓање.