
Денес пријателски натпревар одиграа третолигашите Еуромилк ГЛ и Илинден во натпревар каде некогашниот прволигаш со 3:2 беше подобар на овој контролен натпревар.
Во првото полувреме за екипата на Еуромилк ГЛ настапија поискусните фудбалери, а во вториот дел играа помладите играчи. На денешниот тест настапија и новите засилувања, а најмногу се истакна Филип Петковски кој беше стрелец на два гола.
Од новите засилувања на денешниот меч не настапи само Роберт Митев кој пристигна од прволигашот Вардар поради повреда.
Во пролетната полусезона во Трета лига – Север екипата на Еуромилк ГЛ ќе се бори да го освои првото место кое води во баражот за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет