
Фудбалерките на Кочани претрпеа висок пораз на гостувањето во Тетово, каде во рамки на 19. коло со 16:0 беа поразени од шампионот Љуботен. Разликата во квалитет е голема, а тетовскиот тим откако му беа одземени девет бодови остана без шанса да ја брани титулата.
Висок триумф однесе екипата на Каменица Саса која на домашен терен со убедливи 7:0 го декласираше „фенерџијата“ Топ Гол од Битола, а лото победа од 7:0 славеше и Тиверија Брера која го декласираше Вардар.
Лидерот Скопје однесе уште една висока и убедлива победа овој пат против Ас Јунајтед од 8:0, а единствениот меч на кој имаше само еден погодок беше тој меѓу Истатов и Речица, каде со 1:0 истатовки славеа домашна победа.
Скопје е лидер во Првата женска фудбалска лига со 54 бодови, Тиверија Брера е втора со 39 бодови, а бод помалку има Истатов кој е трет, а пак Љуботен сега е четврти со 37 бодови.
Екипата на Каменица Саса го држи петтото место со 36 бодови, Ас Јунајтед е шести со 30 бодови. Дебитантот Вардар делува сигурно на седмото место 14 бодови, како и Речица која е осма со 11 бодови.
Кочани е претпоследен со седум бодови, тоа е позиција која води кон баражот за опстанок, на дното е Топ Гол со четири бодови и најзрел кандидат за испаѓање.
Александар Ванев, М-Нет