
Второлигашот Брегланица од Штип продолжува да се бори за враќање во Првата македонска фудбалска лига, а клубот доби нов претседател. Оваа функција ќе ја извршува Ангел Бојаџиев.
Инкау, Бојаџиев доаѓа во добро позната средина бидејќи оваа позиција ја извршуваше и во минатото, па менаџирањето на клубот од позиција на претседател во Брегалница за него е добро позната.
Инаку, по 21 одиграно коло во Втората македонска фудбалска лига Брегалница се наоѓа на четвртото место со 46 бодови и има три бодови помалку од лидерот Охрид.
Токму во сабота ќе се одигра и дербито меѓу Брегалница и Охрид, а кое дерби ќе се игра под рефлектори на Градскиот стадион во Штип. Ова ќе биде клучен меч кој „сините“ ќе мора да го добијат и да го напаѓаат првото место, бидејќи само челната позиција води кон Прва лига, а второто и третото место кон баражот за можен влез во Прва лига.
Бојаџиев во следните денови ќе стапи на функцијата претседател на фудбалскиот клуб Брегалница.
Александар Ванев, М-Нет