Заврши работата на вакциналниот пункт во Штип, од вторник вакцинација во Здравствениот дом

По три месеци работа денеска се затвори спортската сала Јордан Мијалков во Штип која од месец мај функционираше како вакцинален пункт. Со работа на медицински кадар од Здравствениот дом во Штип, Клиничка болница Штип, помош од здравствените домови во другите градови, волонтери од црвен крст и студенти 30 илјдаи граѓани само во Штип беа имунизирани, поголем дел од нив и со примана втора доза вакцина.

Од вторник продолжува имунизацијата на населението со прва доза вакцина во здравствениот дом Панче Караѓозов во Штип но и во здравствените домови во останатите градови. Влезот за сите граѓани е слободен освен за децата до 18 годишна возраст кои претходно треба да имаат закажано термин на вакцинација. мк.

Напорно но исплатливо беше волонтирањето и од Црвениот крст во Штип кои неуморно секојдевно им излегуваа во пресрет на барањата на граѓаните.

Имунизацијата на населението во државата засега се одвива непречено на сите пунктови во државата информираат од МЗ.

Лаура Стојанова М-Нет