Континуитет во ГРК Охрид: Ристески, Тасески и Кукуловски остануваат во клубот

ГРК Охрид продолжува со јасна стратегија на стабилност и континуитет, откако официјално ги продолжи договорите со тројца важни првотимци. Левото крило Никола Ристески и пивотменот Иван Тасески ја обновија соработката со охридскиот клуб до 2028 година, додека левиот бек Дејан Кукуловски се обврза на верност до 2027 година.

Овие потези на клупското раководство се јасен сигнал за довербата во домашниот играчки кадар и во нивниот придонес во досегашните успеси на екипата. Ристески, Тасески и Кукуловски важат за значајни алки во тимот, како во офанзивните, така и во дефанзивните задачи.

Со задржување на клучните ракометари, ГРК Охрид ја потврдува амбицијата да гради стабилен и конкурентен тим, подготвен за високите предизвици на домашната и меѓународната сцена во наредните сезони.