
По неколку недели, конечно, „живост“ на штипскиот пазар, ама со стари проблеми. Граѓаните велат дека веќе нема да купуваат во килограми, туку во грами оти за нив цените не се високи, туку платите и пензиите ниски. Буџетот мора да се распредели, за сѐ по малку.
А цените на пазарот со недели речиси стагнираат. Земјоделците велат дека причината е тоа што трошоците не се зголемени, бидејќи производите кои се продаваат се саделе есента, трговците, пак, потенцираат дека мора да одговорат на потребите на граѓаните, дури и под услов да се работи со намалена маржа.
Граѓаните, пак, најмногу купуваа компири, ориз и јаболка иако дел од производите во јануари на пазарот навидум го донесоа летото. Производителите и трговците продаваа и тиквички, пиперки, крставици и домати.
Ребека Спасова М-Нет