Кривично дело „мачење животни“ констатираше МВР за случајот со тепање куче во радовишко

По вчерашната реакција на „Анима мунди“ за малтретирање на животните, поточно за мачење на куче во радовишко, со реакција и од Министерството за внатрешни работи. Од Здружението бараа најстрога казна и одземање на секое животно кое го поседуваат лицата од видеото, а од МВР велат дека го расчистиле случајот од објавеното видео на социјалните мрежи.

„На 01.02.2023 околу 14.00 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека на социјалната мрежа Фејсбук на страна на здружение за заштита на животни е објавена видео снимка на која се гледа тепање на животно – куче, со употреба на тврд предмет, од страна на С.Т. од с.Ораовица. Од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки, лицето е пронајдено, со него е извршен службен разговор и преземени се сите потребни активности, при што е утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик.“ – стои во соопштението на МВР.

Вчера во реакцијата од „Анима мунди“ потенцираа дека институционалниот молк ги охрабрува социопатите и насилниците и дека институционалната зачмаеност е директен причинител и резултира со сериозни и неповратни општествени девијации. Поради тоа ги повикаа институциите да реагираат, па денес од МВР велат дека во координација со Јавен обвинител од ОЈО Радовиш, против лицето ќе биде поднесеен соодветен поднесок.

Ребека Спасова М-Нет