
Денеска во ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во Кочани. Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ на учениците на кои им се најпотребни им донираше 40 таблет – компјутери.
„Средствата кои биле наменети за прославата на седумгодишниот роденден на Амфенол, оваа фирма одлучила да ги доделиме на основните училишта од поранешната Општина Кочани. Со ОУ „Св. Кирил и Методиј“ благодарение на предходната долгогодишна соработка која ќе продолжи и во иднина, се донирани вкупно 120 таблет – компјутери плус неколку деск – топ и лап – топ компјутери. Четириесет таблети се наменети за ова училиште, а останатите ќе бидат разделени во ОУ „Раде Кратовче“, ОУ „Малина Попиванова“ и ОУ„Никола Карев“ во Кочани. Како и во основните училишта во општините Зрновци и Чешиново – Облешево, директорот на оваа американска компанија Сашко Наков изрази надеж:
„ Дека со оваа донација учениците многу подобро ќе можат да ја следат он лајн наставата и полесно да го совладаат образовниот процес. Наков потенцираше дека, се работи за општествено одговорна компанија, која инвестира во иднината. Односно во квалитетна наобразба на човечки ресурси. Од кои ќе го наследат процесот на развој и рас на Амфенол. Оваа фирма очекува дел од овие ученици во иднина да се вклучат во нејзиниот професионален ангажман“.
Друга страна директорот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, Даниел Кралев заблагодарувајќи се за овој хуман потег, за медиумите истакна:
„Компанијата Амфенол повеќе пати до сега му помага на нашето училиште, особено кога тоа ни е најпотребно. Оваа донација во голема мера ќе им помогне на нашите ученици кои ја следат наставата од далечина (он лајн) да можат да се вклучат во следењето на наставата. Се надевам на продолжување на соработката, затоа уште еднаш упатувам огромна благодарност од мене како директор. Од сите наставници и од најважните, а тоа се нашите ученици чија радост во моментов е неизмерна“.
Маре Стојилова / М Нет
Дарко Лазев / М Нет