
На 20.10.2020 во 11.17 часот во СВР Штип, од Казнено поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид на местото, при што во пакет наменет за осуденото лице Р.А. (34) од Куманово била пронајдена прашкастата материја, која е одземена и предадена за вештачење. По комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.